ИНТЕРВЈУ Софијанова: Треба да бидеме ментално спремни за да ја издржиме оваа чума на модерното време

од Берта Китинска

Во дел од европските земји се спроведува полициски час, со самото зголемување на бројот на заболени. Што значи дека од вирусот ниту една земја не е поштедена. Ние имаме мерки, но проблемот е во култоролошкиот начин на живеење коj го имаме. Треба да се смениме во однесувањето односно треба да бидеме спремни во нашите глави дека треба да издржиме и да ја надминеме оваа чума на модерното време, вели професор доктор Аспазија Софијанова, шеф на на одделението за интензивна нега и раководител на Ковид центарот на Клиниката за детски болести во интервју за Локално.

Таа посочува дека затоа е потребна политика која ќе не натера да размислиме како да си помогнеме на себе и на блиските.

– Јас сум да има плус додатни мерки. Одењето по кафани и журките го расеа уште повеќе вирусот и со тоа му ја зголемија вирулентност, смета таа.

Според неа во периодот кој е пред нас мора да сфатиме дека дека вирусот е сериозен и изолацијата и почитување на мерките можат да не заштитат.

-Прво мора сите да сфатиме дека овој период мора ментално да се смениме. Сите фамилии да сфатат дека вирусот е сериозен и изолацијата и почитување на мерките можат да не заштитат, вели д-р Софијанова.

Ова е време во кое е актуелен коронавирусот, настинките и грипот, но и загадувањето на воздухот. Постои ли некоја поврзаност меѓу нив и како да се заштитиме?

-Генерално нема поврзаност помеѓу овие болести, секоја сама за себе си е проблем. Коронавирусот се појави изминатиов период и за нас е се уште нешто непознато. Кај нас веќе подолго време се зборува за загадувањето на воздухот кој е најмногу сконцентриран во главниот град. Ова големо аерозагадување треба да го контролираме по примерот на  останатите европски земји. Во последниве години се соочуваме со задржувањето на ПМ честичките  во воздухот кои придонесуваат и за подолго задржување на вирусот во воздухот. За среќа во овој период луѓето преку вакцина може да се заштитат од инфлуенца A и свински грип кои во овој момент ако се соединат може да направат проблем.

Сега во моментов е актуелен коронавирусот кој се пренесува преку капките. Се покажа дека тој е отпотрен  на временските услови, но загадувањето дополнително го задржува овој вирус во воздухот .

Во моментов треба да се пазиме и од загадувањето и есенските вируси и коронавирусот.

Многумина имунолози, но и педијатри го препорачуваат витаминот Д. Велат дека токму овој витамин штити од Ковид 19 и помага во лекувањето.Кое е вашето мислење? Дали покрај овој витамин треба да се внесува и некој друг?

-Конзумацијата на овој витамин е посебно важна за она население кое е помалку изложено на сонце. Затоа се знае дека луѓето кои се поотпорни на вирусите потекнуваат од посончевите краеви.Витаминот Д се дава веднаш при самото раѓање на детето.Покрај развојот на коските кај децата го подобрува и имунитетот. Оттука е таа поврзаност дека овој витамин се препорачува да се внесува и во ова време на пандемија и во поголеми количини. Во овој случај сега ни е јасно зошто децата се поотпорни на овој вид на вирус. Возрасните со неговиот внес покрај заштитата го стимулираат и сопствениот имунитет. Водено покрај витаминот Д потребен е внес и на Цинкот кој исто така многу влијае на стимулацијата на сопствениот имунитет и во  создавањето на клетките кои се борат против вирусите.

Бројот на заболени и починати од Ковид 19 во земјава секојдневно расте. Колку новите мерки кои се носат за заштита се ефикасни? Дали сметате дека е потребен полициски час?

-Лично сметам де навреме се носат мерките, уште од моментот од кога се појави епидемијата. Веќе гледаме дека во дел од европските земји се спроведува полициски час, со самото зголемување на бројот на заболени. Што значи дека од вирусот ниту една земја не е поштедена. Ние имаме мерки, но проблемот е во култоролошкиот начин на живеење кои ние го имаме, треба да се смениме во однесувањето односно треба да бидеме спремни во нашите глави дека треба да издржиме и да ја надминеме оваа чума на модерното време. Потребна е политика која ќе не натера да размислиме како да си помогнеме на себе и да нема критикување помеѓу власта и опозицијата. Ние не ги измислуваме овие мерки, ние ги следиме примерите и од другите земји. Ако гледаме дека бројката за жал се зголемува  ќе треба да смогнеме сили за да ги издржиме и почитуваме мерките заеднички сите .Така прво ќе ги намалиме социјалните контакти, таквиот начин ќе не направи да бидеме потрпеливи да овој период во кој се наоѓаме да го контролираме со малку појачани мерки, за да можеме подоцна повторно да се вратиме во нормала. Јас сум да има плус додатни мерки.Одењето по кафани ,журките го расеа уште повеќе вирусот и со тоа му ја зголемија вирулентност.

Неодамна изјавивте дека нешто се случува со самиот вирус, веројатно сега доаѓа и оној вирус на инфлуенца Х1Н1.Што точно ова занчи?

-Овој вирус претставува варијација на коронат кој наскоро може да дојде.Тој предизвикува омалаксаност и  респираторни проблеми. Овој вид на вируси се варијација и го истоштува организмот.

Вакцини против Ковид 19, да или не? Дали таа би го решила проблемот со пандемијата?

-Јас веднаш би се вакцинирала, вакцините се стари 200 години и не ослободуваат од вакви видови на вируси. Децата треба да бидат први кои би ја примиле таа вакцина со тоа нивниот имунитет би направи антитела за да се избори со вирусот.

Според статистиката на Министерството за здравство мал е бројот на заболени деца од Ковид 19.Дали тие полесно го прележуваат вирусот?И дали по прележаниот ковид имаат некакви последици?

-Коронавирусот децата полесно го прележуваат без последици. Кај нив симптомите се поразлични од кај возрасните, најчесто имаат болки во стомачето многу поретко им се појавуваат респираторни проблеми. Ова е доказ дека децата треба да се вакцинираат на време за да нивниот организам се заштити од надворешните предизвици.

На Детската клиника пред извесно време беа примени деца со кавасаки синдромот, или познат како „Kawasaki-like, од што се предизвикува овој синдром, како се лекува и дали имате уште пациенти со овој вид на синдром?

-Сега нема ниту еден пациент со овој синдром кој ги напаѓа крвните зрнца од најразлични вируси. Овие симптоми се појавуваат кај деца до 8 години и тоа е знак дека телото е нападнато од непознат вирус. Пациентите кои го имаа овој синдром се воспостави дека е предизвикан од ковид 19.

Ваш совет како да се заштитме периодов кој следи?

-Мора сите да сфатиме дека овој период мора ментално да се смениме. Сите фамилии да сфатат дека вирусот е сериозен и изолацијата и почитување на мерките можат да не заштитат.

Б.К.

loading...

Слични содржини