Инцидент кај „Скендербег“, летаат камења и столчиња (ФОТО)

од Nikola Popovski

Инциденти и провокации кај споменикот на „Скендербег“ откако почнаа да летаат камења, столчиња и разни тврди предмети од две страни – од непознати граѓани кои дојдоа од правец на Старата скопска чаршија и поворката која учествува во протестите против францускиот предлог.

Според тоа што може да се види на видеата на социјалните мрежи, имаше мал број на полицајци во моментите кога дојде до инцидентите, но потоа пристигна поголем полициски кордон и ги одвои двете групи, со што се спречи поголем инцидент.

Неофицијално има и уапсени граѓани.

Тапани на петтиот ден протести против францускиот предлог. Денеска насобраните граѓани од пред Владата се упатија кон зградата на Министерството за надворешни работи, по што од таму ќе го завршат маршот пред Собранието, каде што вчера се случија и инциденти со полициските специјалци.

На протестите е присутен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и членови на потесното партиско раководство.

Слични содржини