Инцидент на дочекот на Нова година: Славниот рокер и неговиот син истепале обезбедување

Род Стујард сигурно памети и подобри дочеци и преминот од 2019 во 2020 година веројатно сака да го заборави што е можно поскоро.

Полицијата во Палм Бич во САД ја обвини британската поп ѕвезда, која во петок полни 75 години, и неговиот син, 39-годишниот Шон, за нанесување телесни повреди.

Во полицијата велат дека тие двајцата во вторникот навечер се пресметале со маж кој работел како обезбедување на една приватна забава во ресторт во тоа летувалиште на Флорида.

Наводно, тие се обиделе да влезат неповикани, се дерели и редизвикале сцена и го одбиле барањето на обезбедувањето да се оддалечат.

Тогаш, избила караница и физичка пресметка, при што Род со удрил обезбедувањето, што било потврдено од двајца сведоци.

Полицијата подоцна ги објавила снимките од надзорните камери кои покажуваат дека Шон и Род први започнале агресивно да се однесуваат.

Двајцата треба да се појават на суд во Палм Бич на 5 февруари.

Слични содржини