„Инцидент“ со авионот со кој патувал американскиот потпретседател

од Stefanija Kuzmanovska

Авионот со кој патувал американскиот потпретседател Мајк Пенс бил принуден да се врати на аеродромот во Манчестер во државата Њу Хемпшир откако удрил во птица по полетувањето, соопшти Белата куќа.

Пенс бил на пат кон Вашингтон по предизборен митинг во градот Гилфорд.

Висок службеник на американската администрација, кој сакал да остане анонимен, рекол дека потпретседателот и неговата придружба не биле во опасност.

Пенс во Вашингтон се вратил со товарен авион кој Тајната служба го користела за транспорт на возила за време на неговото патување.

Слични содржини