Инцидент во Австралија: Албанци скандирале „Косово е Албанија“ и нападнале Срби (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На натпреварот од третата лига на Австралија Викторија помеѓу Белите орли и Норт Саншајн, се случил тежок инцидент во кој албански навивачи нападнале српски.

Во Австралија е дозволено присуство на гледачи на натпревари, натпреварот завршил со резултат 3:3, а останал во сенка на она што се случуваше на трибините.

Во нападот на навивачите, едно момче меѓу приврзаниците на српскиот клуб било тешко повредено, додека неколку други биле полесно повредени, а направена била и значителна материјална штета на паркингот на клубот.

Во неколку наврати, приврзаниците на Норт Саншајн провоцирале извикувајќи „Косово е Албанија“, како и други пароли и навреди. За време на натпреварот, се наведува, навивачите на Белите орли не наседнале на провокациите и биле избегнати поголеми инциденти.

После натпреварот следела размена на навреди, при што Албанците започнале да фрлаат камења кон секторот каде што биле српските навивачи.

„Момче го загуби видот за момент и очигледно беше удрен со голем камен. Го одведовме за да му се укаже помош и за среќа успешно се опоравува “, изјави претседателот на Орлите, Далибор Шаула, за порталот „Вести“.

Раководството на Белите орли предвидело дека може да има инцидент, па го контактирале ривалот уште пред натпреварот.

„Сакавме да се осигураме дека тие ќе комуницираат со своите фанови и ќе го свртат вниманието на нивното однесување. Исто така, контактиравме со полицијата и ги предупредивме дека ова може да биде натпревар од висок ризик. Од таа причина, ангажиравме трипати повеќе редари отколку во другите натпревари“, рекол Шаула.

Навивачите биле физички разделени, па гостите први го напуштиле стадионот за да се избегнат инциденти по натпреварот.

„Ги презедовме апсолутно сите мерки на претпазливост, но очигледно е дека некои луѓе сè уште треба да се едуцираат и да се учи дека таквото асоцијално однесување едноставно не може да помине повеќе. Ова е единствениот натпревар со висок ризик што го имаме оваа сезона, бидејќи сите други ривали и нивните навивачи ги почитуваат своите ривали“, покажа Шаула со прст кон Норт Саншајн.

Полицијата била на натпреварот, направила извештај и се очекува драконска казна за Норт Саншајн, бидејќи сè дошло до Фудбалскиот сојуз на Викторија.

Слични содржини