ИНЦИДЕНТ ВО АВСТРИЈА: Дваесетгодишник намамил полицајци и ги претепал

од Stefanija Kuzmanovska

Дваесетгодишен Австриец со албанско потекло претепал неколку полицајци во Виена, а се претпоставува дека неговиот мотив е омраза кон државните институции.

Напаѓачот доцна во ноќта заѕвонил на вратата на полициската станица во 20-та област во Виена, изјавувајќи дека пронашол торба, со цел да ја натера полицијата да излезе на улиците.

Кога двајцата полицајци излегле од полициската станица, тој веднаш ги нападнал, почнувајќи да ги удира.

Тој им удрил тупаница во лицето, а кога слушнале врева пред станицата, неколку полицајци истрчале да им помогнат на своите колеги.

Меѓутоа, напаѓачот не се смирил дури ни кога видел вкупно седум полицајци, кои се обидувале да го смират.

Дури со употреба на пепер спреј и со голема тешкотија, чуварите успеале да го уапсат.

За време на нападот се повредени четворица полицајци, од кои еден потешко.

Како мотив за нападот, полицијата претпоставува, бидејќи не било откриено дека напаѓачот бил под дејство на алкохол или наркотични средства, дека станува збор за омраза кон државните органи.

Слични содржини