Актуелно
Почетна / Македонија / Инцидент во Штип: Светиот крст останува во црквата (ВИДЕО)

Инцидент во Штип: Светиот крст останува во црквата (ВИДЕО)

Инцидент се случи на централната свеченост за празникот Водици на Камениот мост на реката Брегалница во Штип, пренесуваат локалните медиуми.

Верниците овој чин ќе го запаметат по тоа што двајца од педесеттемина скокачи останаа да лежат во реката Брегалница и да се борат за светиот крст. По неколку минутно натегање меѓу нив, крстот го зеде оној којшто не стигна прв до него. Но, и по укажувањето на митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион, тој не сакаше да го предаде крстот. Сепак разумот преовлада и светиот крст му беше предаден на Наумче Балевски, кој беше најбрз и му беа доделени пригодни подароци.

Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложивме се додека се смират луѓето оваа година крстот да остане во црквата, а догодина ако се средат работите, како и годините наназад, крстот повторно ќе биде низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во црквата, сите верници кои сакаат ќе можат да дојдат и да се поклонат во црквата и да го целиваат крстот во соборната црква „Свети Никола“, изјави г. Иларион.

 

loading...