Инвестициите на Алкалоид во изминатите 15 години достигнаа сума од близу 200 милиони евра

од Vladimir Zorba

Скромните почетоци на компанијата Алкалоид датираат од август 1936 година, кога на патот од Скопје кон Велес е отворен еден од најстарите капацитети за преработка на алкалоиди во тогашната југословенска заедница. Од само две постројки со 15 работници, денес 85 години подоцна во Алкалоид има околу 60.000 метри квадратни производни погони и над 2.500 вработени во базата во Скопје и дваесетте подружници распоредени во 15 земји во светот.

“Континуираниот деловен успех и одржлив развој на Алкалоид се должи пред сè на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот Алкалоид и поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации пред нас години наназад“ вели во своето обраќање  Живко Мукаетов, Генерален директор / Претседател на управен одбор на Алкалоид АД Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата.

Алкалоид денес преку 60% од својот асортиман пласира во над 40 земји во светот. Светските трендови во фармацијата, хемијата, фито -терапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции, а примената на најсовремени стандарди за добра производна пркса е потврдена од реномирани авторитети, додава Мукаетов.

Инвестициите во изминатите 15 години достигнаа сума од близу 200 милиони евра, алоцирани во производни капацитети, лаборатории истражување и развој, технологии и континуирана едукација на вработените, овозможуваат пласман на производи со супериорен квалитет кои можат да се носат рамо до рамо со кој било производ од својот сегмент во светот, нотира Мукаетов.

Целото обраќање на Генерален директор / Претседател на управен одбор на Алкалоид АД Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата може да го погледнете во видеото:

Слични содржини