iOS 11.2.6 носи други проблеми за корисниците

од Vladimir Zorba

Пуштената итно надградба на iOS до верзија 11.2.6, која го отстрани „багот“ со индискиот симбол, кој водеше до блокирање на одредени апликации, донесе со себе и други грешки.

Се испостави дека кај многу сопственици на iPhone, ажурирањето го отстранува индикаторот за батеријата од главниот екран. Самиот индикатор може да биде откриен само во поставките на смартфонот или таблетот, а интересниот дел е дека проблемот погодува само одредени уреди, а за моментов не е јасна точната причина.

Покрај тоа голем број корисници се жалат од графички проблеми, погрешна работа на контролите за јачината на звукот, губење на контакт со AirPod слушалките, како и зголемена потрошувачка на енергија од страна на уредите.

Слични содржини