Почетна / Магазин / Наука и технологии / iOS 11.3 ќе го блокира вашиот iPhone, ако имате неоргинален дисплеј

iOS 11.3 ќе го блокира вашиот iPhone, ако имате неоргинален дисплеј

Аpple веќе почна да дистрибуира ажурирања на iOS 11.3 за компатибилни уреди. Ако се уште не сте ажурирани, но планирате да го направите тоа, добра идеја е да знаете за одредена карактеристика на софтверот. Излезе дека ако сте го замениле екранот на iPhone од друг сервис, а не од официјалниот на Apple, ќе се соочувате со неочекувани проблеми по ажурирањето до iOS 11.3. Многу корисници се пожалија на Интернет дека користењето на дисплеј од трети лица, прикажува блокиран екран на допир по ажурирањето, информира DigitalTrends.

Ситуацијата е непријатна и може да предизвика дополнителни трошоци. Според сопствениците на продавниците за поправки на iPhone, причината е микрочип кој го има во секој дисплеј на паметниот телефон. Заменувајќи ја оваа компонента од трети страни се чини дека предизвикува проблем што Apple уште не го елиминирал. Сопственици на iPhone дури тврдат дека iOS 11.3 ја отежнува работата на други компоненти во уредите, како сензорите за амбиентална светлина, дури и ако деловите се сменети од Apple.

Проблемот се јавува кога ќе стартува оперативниот систем, кој автоматски го блокира микрочипот кој ја контролира функционалноста на екранот на допир. Многу потрошувачи избираат да ги заменат дисплеите кај другите сервисери, бидејќи ги чини поевтино од официјалните цени на Apple. Од компанијата се уште не ја коментирале оваа информација, но веројатно во наредните денови ќе направат изјава за iOS 11.3 и начинот на кој ја блокира работата на клучните компоненти во iPhone.