117
Податоците за нарачките за новите паметни телефони во серијата „iPhone 11“ укажуваат дека корисниците претежно избираат Pro модели.
Според информациите од Тајван, 70% од преднарачаните уреди се iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max, додека преостанатите 30% се за основниот iPhone 11, со претпочитани опции за складирање на датотеки 256 GB.
Неодамна, аналитичарот Минг-Чи Куо рече дека во САД, поголемиот дел од потрошувачите кои го враќаат својот стар уред избираат Pro модели, каде што односот е 55:45 за iPhone 11 Pro / Max кон iPhone.
Во Кина има обратен тренд – попосакуван е iPhone 11. Минатата година 45% од преднарачките беа за поскапите модели на iPhone XS, а 45% за iPhone XR, кој тогаш стана најпопуларен модел на Apple .