iPhone 6 официјално стана олдтајмер

од Stefanija Kuzmanovska

Кога беше објавен во 2014 година, iPhone 6 беше огромен успех. Тоа беше првиот iPhone кој имаше Плус верзија, а на многу луѓе им се допадна поради поголемата површина на екранот.

Интересно е што iPhone 6 сè уште се користи и денес, и покрај тоа што не добива ажурирања од 2018 година. Објавувањето на софтверот iOS 13 во 2019 година го означи крајот на iPhone 6 во областа на надградбите на софтверот, а сега Apple го наметнува крајот и на поддршката за уредот во хардверскиот сегмент.

Apple сега го категоризира iPhone 6 како олдтајмер, односно застарен производ, така што компанијата повеќе нема да обезбедува делови или услуги за овој уред.

„Сопствениците на производите на iPhone, iPad, iPod, Mac или Apple TV можат да добиваат услуги или делови од провајдери на Apple, вклучувајќи продавници на Apple или независни сервисери, најмалку 5 години од последната дистрибуција на производот за продажба“, посочуваат од компанијата Apple.

Од друга страна, користењето на моделот iPhone 6 веќе нема ни многу смисла. Бидејќи уредот работи со стара верзија на iOS, ниту повеќето апликации веќе не добиваат ажурирања. Најновата верзија, која беше објавена во септември (iOS 16) на софтверот, бара iPhone 8 или понов модел.

Слични содржини