IQOSот излезе на пазарот во САД со дозвола од Управата за храна и лекови

од desk2

Филип Морис објави дека IQOS, електронскиот уред кој го загрева тутунот  е лансиран за продажба во Соединетите Американски Држави.

Филип Морис го воведе IQOS на американскиот пазар преку ексклузивен договор за лиценца со Алтриа Груп, убеден дека Алтриа ја има потребната експертиза за пазарот и инфраструктура да обезбеди успешно лансирање. Првата IQOS продавница на мало е отворена во урбаниот центар на Атланта во сојузната држава Џорџија. Лансирањето на IQOS во САД е историска пресвртница во пласирањето алтернатива на цигарите за 40 милионскиот американски пазар, затоа што IQOSот е првата технологија што го загрева тутунот која доби овластување за продажба од страна на Управата за храна и лекови на САД (Food and Drug Administration).

Имено, во април, по ригорозни прегледи базирани на научни докази, Управата потврди дека издава дозвола за продажба на IQOSот, кој го загрева, но не го гори тутунот. Одлуката на Управата уследи по сеопфатна анализа на апликацијата доставена од Филип Морис заедно со целосна научна документација, до агенцијата во 2017 година. IQOS e прв електронски уред за загревање на тутун кој доби овластување за продажба од страна на Управата, која во април потврди дека неговата продажба, доколку се спроведе во согласност со утврдените упатства за маркетинг, е во согласност со заштитата на јавното здравје. Воедно, при издавањето на дозволата, Управата потврди дека со загревањето на тутунот се ослободува значително  пониско ниво на токсини споредено со обичните цигари.

Филип Морис работи посветено кон својата цел на развој и производство на помалку штетни алтернативи на цигарите, преку иновации и научни истражувања. Воведувањето на IQOS во САД е уште еден доказ за напорите на Филип Морис да ги охрабри возрасните пушачи да се префрлат на помалку штетни производи, засновани врз иновации и научни истражувања.

„Се надеваме дека наскоро ќе успееме да го донесеме IQOSот во секоја земја, вклучително и С. Македонија така што возрасните пушачи ќе имаат пристап до нови, алтернативи на цигарите засновани на научни докази”изјави Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, филијала на Филип Морис во Македонија.

Низ целиот свет за само три години, 8 милиони луѓе се откажале од цигарите и целосно се префрлиле на IQOS и истиот е присутен во преку 40 земји во светот.

Слични содржини