Иран го обвини Израел пред ОН за нападот со дронови врз фабрика за муниција

од Stefanija Kuzmanovska

Иран го обвини Израел пред Обединетите нации (ОН) за нападот со беспилотни летала врз фабриката за муниција во градот Исфахан, во близина на локацијата на Иранскиот центар за вселенски истражувања, која беше санкционирана од САД поради работа на иранската програма за балистички проектили, објави денеска полуофицијалната новинска агенција ИСНА.

Нападот дојде во време на тензиите меѓу Иран и Западот поради растечките нуклеарни активности на Техеран, снабдувањето со оружје за Русија, вклучително и дронови со долг дострел Шахед 136, и повеќемесечните антивладини демонстрации кои следеа по смртта на Махса Амини.

Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, иранскиот претставник во ОН Амир Саид Иравани рече дека „примарната истрага сугерира дека Израел е одговорен“ за нападот, за кој Техеран претходно рече дека не предизвикал жртви ниту е предизвикана сериозна штета.

Слични содржини