Иран испрати нови закани: „Вториот бран ќе биде уште поразорен“

од Nikola Popovski
52 прегледи

По вечерашниот ракетен напад на иранските сили врз Израел, од Техеран стигна предупредување дека овојпат Иран е подготвен за поразорен напад, под услов Израел „да ја повтори грешката“.

Ебрахим Азизи, шеф на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, на иранската државна телевизија изјави дека ова е првиот бран напади на Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Тој вели дека мета биле израелски „воени центри и објекти, но нападите можеле да доведат до мета на цивили поради можни погрешни проценки“.

Азизи вели дека ако Израел повторно „погреши“, ќе има втор бран што ќе биде „уште подеструктивен“. Тој рече и дека, според нивните проценки, Израел не може да возврати на вечерашниот напад.

Хамас го пофали нападот на Иран врз Израел оваа вечер, пренесува Ројтерс. Милитантната група соопшти дека нападите биле „одмазда“ за смртта на три лица убиени во неодамнешните израелски напади.

Еден од тие луѓе е Исмаил Ханије, шеф на политичката канцеларија на Хамас, кој беше убиен во јули во Техеран.

Иран соопшти дека тој бил убиен од израелски проектил, додека други извештаи велат дека се работи за експлозивна направа која била скриена во неговата гостинска соба пред два месеци и била активирана само кога било потврдено дека е внатре.

Хамас, исто така, информира дека нападот бил одмазда за смртта на шефот на Хезболах Хасан Насрала и истакнатиот ирански генерал Абас Нилфорушан.

Тие беа убиени во израелски воздушен напад врз Либан во петокот.

Слични содржини