Иран издаде налог за апсење на Доналд Трамп: Бараат помош од Интерпол

од Aleksandar Petrovski

Иран распиша потерница за американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие бараат Трамп да биде уапсен за убиството на Касим Сулејмани, пренесува РТ.

Бараат Интерпол да биде вклучен во сè.

Други 35 лица се, наводно, на списокот за апсења, јавуваат локалните медиуми.

Државниот обвинител во Техеран објави дека е распишана потерница за 36 лица, меѓу кои и многу американски воени претставници, но и воени претставници од други земји, за кои постои сомневање дека учествувале во атентатот врз Сулејмани.

– Дури 36 лица беа вклучени во убиството на господинот Сулејмани, вклучително и политички и воени претставници од САД и неколку други земји. Тие наредија погубување на генералот и заради тоа е издадена потерница за нив – рече Али ал-Каси Мухр.

За потсетување, моќниот ирански генерал беше убиен во јануари во напад во близина на аеродромот во Багдад.

Слични содржини