Иран, Русија и Кина почнаа заднички воени вежби (ВИДЕО)

од Milan1

Иран, Русија и Кина денеска почнаа заеднички поморски вежби во Индискиот Океан, со цел да ја зголемат поморската безбедност.

Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански бродови, три руски брода, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.

Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери.

Вежбите, како што се наведува, ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.

Ова е трета заедничка вежба на трите земји.

Слични содржини