Иран: САД ги одложуваат преговорите за заживување на нуклеарниот договор

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Насер Канани, денеска ги обвини САД дека ги одложуваат индиректните преговори за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година и посочи дека размената на затвореници со Вашингтон не е поврзана со преговорите за нуклеарниот договор.

Канани истакна дека треба да се решат неколку прашања и дека овие прашања се многу важни, пренесе „Ројтерс“.

Техеран рече дека сака одржлив договор кој ги зачувува легитимните права на Иран.

Слични содржини