Иран соопшти дека САД се подготвени да ги укинат нафтените санкции

од Stefanija Kuzmanovska

Иран во средата соопшти дека САД се согласиле да ги укинат сите санкции за нафтената индустрија и испорака на иран, иако Германија предупреди дека остануваат отворени значајни прашања во разговорите меѓу Иран и светските сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Коментарите на шефот на кабинетот на иранскиот претседател во заминување Хасан Рухани се одек на претходните тврдења на официјални лица од таборот на Рухани дека Вашингтон е подготвен да направи големи отстапки во разговорите што траат од април во Виена.

Разговорите продолжија во неделата по пауза, два дена откако Иран ги одржа претседателските избори на кои победи конзервативецот Ебрахим Раиси, шефот на иранското судство, кој е на црната листа на САД. Раиси треба да го наследи Рухани во август.

– Постигнат е договор за отстранување на сите нафтени и санкции на бродски превоз воведени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп – го цитираа иранските државни медиуми шефот на кабинетот на Рухани, Махмуд Ваези.

Како и другите западни и ирански преговарачи кои велат дека разговорите се далеку од заклучок, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во средата рече дека Техеран и светските сили сè уште не ги надминале значителните пречки.

„Имаме значителен напредок, но има уште важни теми со кои треба да се справиме“, рече Мас на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Мас рече дека договорот е можен дури и по изборот на Раиси, отворен критичар на Западот, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини