Иран тврди дека соборил американски дрон во јужниот дел на земјата

од desk4

Kорпусoт на Гардата на исламската револуција соопшти дека соборил американски шпионски дрон „Глобален Хоук“ во јужниот дел на Иран.

Во соопштението се вели дека инцидентот се случил во областа Куха Мубарак, во провинцијата Хормозган, откако беспилотното летало влегло во воздушниот простор на Иран.

Претставник на Централната команда на вооружените сили на САД, сепак, негираше дека денеска американските беспилотни летала летале над оваа исламска република.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно лично го предупреди Техеран дека ќе има последици ако загинат американски војници. Тој рече дека секое дејство на Техеран или неговите сојузници кои би можело да доведе до смрт на најмалку еден американски војник – ќе доведе до одмазда.

САД минатата недела го обвинија Иран за напад врз два танкера за нафта во Оманскиот Залив. Американската војска објави снимка со која се гледа напад на Иран, на која ирански сили отстрануваат неексплодирана мина од еден од танкерите.Иран ги негираше обвинувањата за неговата улога во инцидентот.

Слични содржини