Иран: Уште три смртни казни поради учество во демонстрациите

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Иран осуди уште тројца демонстранти против владата на смртна казна, објави денеска иранската агенција „Мизан“.

Салех Мирхашеми, Маџид Каземи и Саид Јагуби беа осудени за „отпочнување војна против Бога“, односно за убиство на членови на милицијата за време на протестите против владата во Исфахан, пренесува „Ројтерс“.

Осудените лица имаат право на жалба на пресудата.

Слични содржини