Иран: Западните санкции и понатаму препрека за нуклеарните преговори

од Stefanija Kuzmanovska

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави денеска во Давос дека Иран сè уште гледа дека Западот не ги укинува санкциите кон Техеран како клучна препрека во нуклеарните преговори, пренесе „Ројтерс“.

Тој на Светскиот економски форум рече дека Техеран верува оти администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден продолжила со политиката на неговиот претходник Доналд Трамп, односно политиката на максимален притисок и посочи дека се потребни брзи одлуки за укинување на санкциите за да се донесе напредок во преговорите.

Иран постигна „минимален, но добар напредок“ во односите со Саудиска Арабија, истакна Амир-Абдолахиан, додавајќи дека наскоро би можел да се сретне со својот саудиски колега во трета земја.

Слични содржини