Иранска амбасада: Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор е кршење на меѓународните обврски

од desk2
147 прегледи

Во вторникот навечер американскиот Претседател Доналд Трамп ја објави официјалната одлука на неговата администрација за повлекување од нуклеарниот договор со Иран. Нуклеарниот договор е резултат на 12-годишни преговори помеѓу Исламска Република Иран и групата 5+1. Овој договор не е билатерален документ, туку е меѓународен договор во чија подготовка и потпишување се опфатени земји како Германија, Франција, Велика Британија, Русија и Кина и кој е усвоен од страна на Советот за Безбедност на ОН.

Според ова, повлекувањето на администрацијата на г. Трамп е флагрантно кршење на меѓународните обврски и од политички аспект може да доведе до недоверба и разочараност за решавање на споровите преку преговори и преку взаемна почит и интереси, и несомнено може да има негативно влијание врз другите регионални несогласувања како што е Корејскиот Полуостров. И од правен аспект, ваквата одлука може да го потресе меѓународното право и може да доведе до нарушување на односите помеѓу земјите, и несомнено ваквиот однос заслужува секаков прекор и осуда. За жал, администрацијата на г. Трамп во времето на нејзината активност има докажано дека не е спремна и не сака да ги почитува меѓународните обврски, закони и регулативи и повлекувањето од Парискиот трактат, како и доведувањето под знак прашалник на Трактатот НАФТА и ТПП (Trans-Pacific Partnership), има за цел импонирање на своите еднострани и егоцентрични погледи, без да се земе во предвид правниот аспект на истите и барањата на другите земји.

Одлуката на американската администрација не претставува новина, затоа што во последните месеци и години ваквите потези се случиле во разни форми. Во овој период, горенаведената администрација не само што не ги почитувала превземените обврски за укинување на неправедните санкции, туку со вршење на притисок врз економските и финансиските институции на другите земји, го саботираше процесот на соработка на истите со Исламска Република Иран. Ова се случува во времето кога Исламската Република во последните 28 месеци ги почитуваше целосно и прецизно сите превземени обврски од нуклеарниот договор, што на неколку наврати е потврдено и со официјалните извештаи на Меѓународната агенција за атомска анергија. Ако правиме споредба помеѓу однесувањето на Иран и Америка станува јасно од каде произлегува кршењето на обврските и законите, и каде е пречката за ефикасно користење на дипломатијата за решавање на работите. За среќа, одлуката на г. Трамп на наиде на некоја позначајна поддршка. Оваа одлука наиде на жестоки критики меѓу конгресмените и политичките аналитичари и медиуми во Америка, и последните анкети покажуваат дека над 60 % од Американците имаат сериозни критики кон таа одлука и истата не ја подржуваат. И во Русија, Кина, Европската Унија и европските земји, одлуката за напуштање на нуклеарниот договор наиде на противења и прекор. Напуштањето на договорот од страна на Америка не значи и крај на овој договор, бидејќи и во минатото присуството на Америка не играла некоја важна улога.
Во моментов, и покрај одлуката на Америка, сите останати страни веруваат дека Нуклеарниот Договор е многу вредно достигнување и дека треба да продолжат напорите за зачувување и продолжување на истиот. Заедничките напори на сите страни за позитивна соработка со Исламска Република Иран можат да доведат до нова ситуација. Основата на нуклеарниот договор од почеток беше формулата „Вин-Вин“ и обрнување внимание на интересите на Иран и другите потписници на договорот. Затоа, заедничките напори за продолжување и зачувување на оваа основа може да го гарантира постоењето на Нуклеарниот Договор. Оваа цел може да се постигне со реализам, независни одлуки и со добра волја, и со цврста желба, стои во соопштението на амбасадата на Исламската Република Иран.

Слични содржини