Иранската нуклеарна агенција подготвена за неограничено збогатување на ураниум

од Vladimir Zorba

Иранската организација за атомска енергија (АЕОИ) објави дека е подготвена за збогатување ураниум на кој и да еј процент, предизвикувајќи загриженост за нуклеарната програма на земјата.

– Штом политичкото раководство ќе даде зелено светло, АЕОИ е подготвена да го збогати ураниум на неограничено ниво, рече заменик-претседателот на АЕОИ, Али Асгар Зрајан.

Иран, исто така, работи на нова генерација центрифуги кои можат значително да го забрзаат процесот на збогатување на ураниум, додаде тој. Зарејан изјави дека АЕОИ веќе тестира нови центрифуги.

Високо збогатен ураниум се користи за развој на нуклеарно оружје.

Слични содржини