Ирански пратеник: Кој ќе го убие Трамп, ќе добие 3 милиони долари

од Vladimir Zorba

Ирански пратеник нуди награда од 3 милиони долари на оној, „кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската новинска агенција „Исна“.

„Во име на луѓето од провинцијата Керман, ние ќе платиме три милиони долари во готово на оној, кој ќе го убие Трамп“, изјави Ахмад Хамзех пред пратениците, цитиран од „Исна“.

Хамзех не прецизираше дали одлуката да се заканува на американскиот претседател ја донеле иранските верски водачи, забележува „Ројтерс“.

Британската агенција посочува дека Керман е родно место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во напад на беспилотно летало во близина на Багдад

Слични содржини