Иранските сили почнаа со вонредна воена вежба во близина на границата со Турција

од desk3

Иранската армија почна со ненајавени воени вежби во северозападниот дел од државата во близина на границата со Турција, јавија ирански медиуми.

Воените вежби се спроведуваат во момент кога турските сили се подготвуваат да навлезат во територијата на Сирија.

Според медиумите во Техеран, во вежбите се вклучени единици за брза реакција, мобилни и офанзивни бригади и хеликоптери од ВВС на Иран.

Слични содржини