Според истражувањето на јавното мислење, кое Интернационалниот републикански институт (ИРИ) го спроведе од 6 до 15 јуни 2015 година во Македонија, 90 отсто од граѓаните за политички вести се информираат преку телевизија. Втор извор на информации е интернетот, а веб-порталите ги избрале 23 отсто од граѓаните. Печатените медиуми ги одбрале 13 отсто од граѓаните, а радиото како медиум го одбрале само 4 отсто од анкетираните.

Истражувањето покажува дека најгледана телевизија во земјава е „Сител“, со 25 отсто од гласовите, потоа следува „Алсат М“ со 24 отсто, па „Канал 5“ со 15 отсто, „24 Вести“ со 12 проценти и „Телма“ со 10 отсто.

На прашањето кој дневен весник најчесто го читате за политички вести, високи 67 отсто од анкетираните одговориле дека не читаат дневни весници. За весникот „Коха“ се одлучиле 8 отсто, за „Дневник“ 7 отсто, а за „Вест“ – 5 отсто од анкетираните. Според истражувањето, 90 отсто од испитаниците не читаат неделни весници.

vesnici anketa iri

 

Од интернет-страници преку кои се информираат за политички вести, анкетираните ги издовоиле „Фејсбук“ на прво место со 17 отсто, потоа генераторот на вести „Тајм“ со 10 отсто, потоа „24 Вести“ и „Курир“ со 7 отсто.

internet.web portali anketa iri

Анкетата е спроведена од „Брима“, агенција за истражување на јавното мислење од Скопје, во соработка со „Вилијамс и соработници“ и со ИРИ. Анкетата беше спроведена преку интервјуа лице в лице од 6 до 16 јуни 2015 година, на случаен примерок од 1.105 македонски граѓани постари од 18 години. Маргиналната грешка е во рамки на плус минус 3 проценти, со ниво на доверливост од 95 проценти.

 

Извор: МЕТА

Слични содржини