Ирина неколку пати го обвинила Бредли Купер дека ја мами со Гага

од Vladimir Zorba

Бредли Купер и Лејди Гага негираа дека имале интимна врска, но Ирина Шајк се сомнева дека е вистина. 33-годишниот супермодел си даде пауза од односите со актерот номиниран за „Оскар“ пред неколку дена. Заминувањето од нивниот заеднички дом беше придружено од претпоставки на американските медиум дека до завршницата на снимките на „Се роди ѕвезда“, Купер и Гага ја поминале границата на пријателството.

Американскиот печат пишува дека причината Бредли и Ирина да останале максимално долго заедно, е 2-годишната ќерка Леа де Сент.

„Радар Онлајн“ пишува дека на дното на причината за разделбата најверојатно ќе биде Лејди Гага. Според извор, додека ја снимал музичката драма, Бредли бил „емоционално отсутен“ од блиските. Ова предизвикало проблеми во нивните односи.

„Врската почна да се распаѓа, кога започна снимањето на филмот. Ирина неколку пати го обвини дека тој ја мами со пејачката. Од тој момент Шајк не може да му се довери … воопшто. Тие постојано се караа, кога беа заедно и конечно тоа беше хаос “, додаде изворот.

Познавачите, исто така, тврдат дека Шајк почнала да смета дека е несоодветно дека нејзиниот сопруг поминува време со Гага во чудни часови на денот. А интимното исполнување на церемонијата на наградите „Оскар“ дополнително ги засилија сомневањата на моделот, иако убедувањата дека двајцата само глумеле.

Пред неколку дена самата Лејди Гага беше напаѓана со прашања од свои фанови на концертот во Лас Вегас, кои ја прашуваа каде е Бредли Купер и дали таа е причината за растурањето на неговото семејство. Сомнежите започнаа непосредно пред песната „Shallow“ и тоа ја изиритира изведувачката.

„Знаете што? Бидете добри или одете си“, одговори таа.

Многумина сепак гледа на разделбата со нејзиниот свршеник Кристијан Карина, која случи токму пред наградите на Филмската академија на САД, како навестување за Купер да го направи истото со Шајк. Сега сите очи се вперени во двојката, за да се разбере дали неизбежната, според нив, романтика ќе расцвета.

Единственото сигурно е дека Купер и Гага веќе споделија за претстојните заеднички проекти на кои допрва ќе работат заедно.

Слични содржини