Ирина Шајк преку Кание и се одмаздува на Ким: Причината е Роналдо

од Vladimir Zorba

Манекенката Ирина Шајк пред Бредли Купер, со кој доби ќерка, беше во сериозна врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, и поминаа заедно пет години. Во тој период, Роналдо дури двапати беше фатен со Ким Кардашијан.

Сè беше како од бајките, а потоа одеднаш светските медиуми ја слушнаа веста дека раскинале, а за сè е виновна мајката на Роналдо, која се мешала во нивната врска. Кристијано е многу приврзан за неговата мајка, а Ирина наводно не можела да се справи со тоа.

Тие се запознале во 2010 година, а истата година Роналдо беше фатен во друштво на најпознатата старлета Ким Кардашијан. „Гласините“ за љубовна врска наскоро започнаа, со оглед на тоа што во јавноста се појавија фотографии каде ѕвездите се бакнуваат, но врската никогаш не беше потврдена.

По раскинувањето со Ирина, во 2016 година, Роналдо и Ким беа фатени повторно заедно на концерт на Џенифер Лопез. Сепак, никогаш не е потврдено дали станува збор само за кратка авантура или за посериозна врска.

Да потсетиме, еден од најпознатите рапери во светот, Кание Вест и Ирина, беа фатени на романтична прошетка низ Прованса, каде го прославија неговиот роденден. За нив се зборуваше со денови, а фотографиите конечно ги потврдија сомнежите.

Кание, инаку, неодамна престана да ја следи Ким Кардашијан и нејзините сестри на Твитер. Ким, Кортни и Клои се на „црната листа“, без оглед на тоа што на почетокот на неделава преку социјалните мрежи му го честитаа роденденот.

Слични содржини