Ирина Шајк прв пат отворено за пропаднатата врска: О Боже, не знам што ќе правам, се распаѓам

Иако додека беа заедно ретко зборуваше за својот приватен живот, Ирина Шајк одлучи да проговори за својата врска со Бредли Купер која ја прекинаа минатата година.

За британскиот Vogue, манекенката открила дека изминатата година ја поминала размислувајќи и рефлектирајќи го период кој помина.

– Сметам дека во сите добри врски го изнесуваме она најдоброто и најлошото од себе, тоа е едноставно човечка природа. Двајца одлични личности не значи дека ќе бидат одличен пар – истакнала Ирина и продолжила: Многу сум сречна поради заедничкото искуство. Животот без бредли е едно сосема ново поглавје за мене.

Таа истагнала дека продолжуваат и понатаму со заеднички сили да ја одгледуваат нивната ќерка и дека и е многу потешко со неа откако таа и актерот раскинале.

– Тешко е да ја најдеш рамнотежата меѓу самостојното одлегување на детето и работата од која ја исхранувам. Верувајте ми, понекогаш се будам и си викам: О Боже, не знам што ќе правам, се распаѓам – отворено рекла Ирина.

Сепак, избор близок на парот за магазинот People рекол дека Ирина и Бредли ја ставаат ќерката на прво место и се трудат да ја одгледаат на најдобар можен начин.

Слични содржини