Ирска ги интензивира подготовките за брегзит без договор, падна вредноста на фунтата

од desk2

Ирската влада изрази загриженост кога Долниот дом на британскиот Парламент синоќа го отфрли предлогот на премиерката Тереза Меј за брегзит оценувајќи дека брегзитот без договор би имал лош исход за сите, а не само за Северна Ирска.

„За жал, резултатот од гласањето го зголеми ризикот за брегзит без договор. Затоа, владата ќе продолжи да ги интензивира подготовките за ваков завршок“, се наведува во соопштението на ирската влада.

По синоќешното гласање, вредноста на британската фунта падна во однос на американскиот долар и еврото, но набргу се врати во нормала.

Како земја претседавач со Унијата, Романија вчера повика на единство помѓу земјите членки и најави дека Европската Унија ќе продолжи да се подготвува за најлошто сценарио за брегзитот.

Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март.

Слични содржини