Ирвинг може да тренира, но не и да игра натпревари дома

од Vladimir Zorba

На кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе му биде дозволено да тренира во тренинг центарот ХСС Нетс во Њујорк.

Сепак, тој се уште нема да може да игра натпревари кога Нетс ќебидат домаќини, поради прописите што важат во градот за вакцинација против коронавирус.

Бидејќи центарот Нетс во Бруклин се смета за приватна сопственост, тој не подлежи на регулативата за вакцина што се однесува на јавните места во Њујорк.

Ирвинг неодамна одби да го открие својот статус за вакцинација, велејќи дека сака тоа да остане негова тајна.

Тој разговараше со новинарите преку апликацијата Zoom, што е во согласност со протоколите за ковидвирус. Сепак, се уште не е јасно дали Нетс ќе му дозволат на Ирвинг да игра натпревари и на гостински терен.

Минатиот месец, НБА предупреди дека прописите за вакцинација во Њујорк и Сан Франциско можат да ги спречат невакцинираните играчи од Бруклин, Њујорк и Голден Стејт да играат натпревари дома.

Ова не важи за такви играчи кои посетуваат други градови. Ирвинг рече дека без оглед на прописите, тој ќе биде со својот тим.

„Знам дека ќе бидам таму секој ден, без разлика на што, ќе бидам таму за моите колеги и еден од водачите на тимот. Знам дека целиот фокус ќе биде на тоа, тоа е нешто што најмалку сакав да го направам. Имаше и многу пренасочувања на оваа тема и драма околу се. Давам се од себе за да одржам се под контрола со добра намера“, рече Ирвинг.

Бруклин игра како гостин кај Милвоки на отворањето на НБА шампионатот на 19 октомври, а првиот натпревар дома е на 24 октомври со Шарлот Хорнетс.

Слични содржини