Ирвинг не игра натпревари, но може да биде дел од Ол-старот?

од Nikola Popovski

Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, нема играно од почетокот на сезоната поради актуелните ковид- протоколи во Њујорк. Сепак, постои можност Американецот да игра на претстојниот Ол-стар натпревар.

Американски „ЊуЈорк Пост“ објави дека има информации дека 29-годишниот Ирвинг ќе се најде на списокот на играчи за кои ќе може да се гласа за да се најдат на Ол-стар натпреварот.

Следниот Ол-стар натпревар ќе се игра во Кливленд на 20 февруари 2022 година, а љубителите на кошарката ќе ги следат случувањата околу еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Причината поради која Ирвинг се најде на списокот со играчи достапни за гласање е тоа што клубот не го суспендираше.

Нетси имаат скор од шест победи и три порази во првите девет натпревари, во кои не играат убедливо како што се очекуваше.

Ирвинг е во лигата од 2011 година, кога беше избран како прв пик на драфтот од Кливленд Кавалирс. Седум пати играше на Ол-стар натпреварите, дури беше и МВП на Ол-стар дуелот во 2014 година, а шампионскиот прстен го освои во 2016 година.

Слични содржини