Ирвинг: Не сум антиваксер, нма да се откажам од кошарката поради задолжителната вакцинација

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг објави дека донел одлука да не се вакцинира и ја повика јавноста да ја почитува неговата одлука.

Менаџерот на Бруклин, Шон Маркс пред неколку дена изјави дека франшизата донела одлука Ирвинг да не игра или да тренира додека не успее да му помогне на тимот со полн капацитет.

Според правилата, невакцинираните играчи не смеат да влегуваат во салата во Њујорк.

„Ако ме прикажуваат како херој или негативец, грешат. Тоа не беше моја намера. Се работи за избор, за она што е најдобро за мене. Дали мислиш дека сакам да изгубам пари? Дека навистина сакам да се откажам од мојот сон за освојување на шампионатот? Дека сакам да седам дома? Не треба да се делиме, туку да го почитуваме изборот на секого”, рече Ирвинг.

Додаде дека секој има право да го прави она што мисли дека е најдобро за него.

„Жално е да се види како светот е поделен поради оваа ситуација. Ова се луди времиња. Јас не сум антиваксер. Се работи за она што ми се допаѓа. Се чувствувам несигурно и тоа е во ред. Ги знам последиците од одлуката. Јас не сум повредил никого. Не сум сторил никакво кривично дело. Ја сум со оние што ги загубиле работните места поради ова правило. Како и оние кои одлучиле да се вакцинираат и кои сакаат да бидат безбедни. Јас ги поддржувам и ја почитувам одлуката на сите, истакна бекот.

Посочи дека е свесен за финансиските последици што ќе ги претрпи, но реалноста е дека треба да се вакцинирам за да бидам во Њујорк, да биде со тимот.

„Јас решив да не се вакцинирам и ве замолувам сите да го почитувате тој избор. Ќе продолжам да тренирам, за да бидам во форма и подготвен за игра. Не се пензионирам. Нема да се откажам од оваа игра поради задолжителната вакцинација или затоа што ќе останам невакциниран“, додаде Ирвинг.

Слични содржини