Исчекор во македонско-бугарските односи: Дијалогот е активен и ќе донесе решение

од Vladimir Zorba

Потврдивме дека сме за пријателство и ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ, брифираат за Локално извори, запознаени со денешните разговори на премиерот Зоран Заев со државниот врв во Софија.

– Потврдивме дека сме за пријателство и ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Диајлогот меѓу двете земји е активен и тој треба да донесе решение. Сето ова се прави за народите на Македонија и Бугарија, за младите и заедничката европска иднина, велат нашите извори.

Делегацијата во Софија замина со конретен предлог за надминување на спорот со Бугарија. Заев денеска вети и отворање на македонскиот Устав, пред за станеме полноправна членка на Европската Унија, и вметнување на бугарскиот народ во него.

Според премиерот, проблемот со Бугарија е билатерален и така треба да се решава. Предлогот кој денеска Заев го доставил пред техничкиот премиер на нашиот источен сосед ќе се разгледува во следните денови.

„Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение. Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство“, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев на пресот со македонскиот премиер.

Слични содржини