Исчезна директорот на „Белоруската куќа“

од Stefanija Kuzmanovska

Виталиј Шишов, шефот на организацијата „Белоруска куќа во Украина“ со седиште во Киев, која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, е пријавен за исчезнат.

Според портпаролот на украинската полиција, тој не се вратил по утринското трчање.

Партнерката на Шишов го пријавила неговото исчезнување, објави полицијата, пренесе „Ројтерс“.

„Ќе истражуваме се додека нема информации за тоа што се случило со него. Изјавата на неговата партнерка е регистрирана. Таа рече дека отишол да трча и дека не се вратил, исчезнал“, изјавил портпаролот на полицијата.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори минатата година во Белорусија, наведува „Ројтерс“.

БДУ им помага на Белорусите да најдат сместување, работа и да им даваат правни совети.

Слични содржини