Исчезна вреден подарок кој Помпео го добил од Јапонија, истрагата е во тек

од Stefanija Kuzmanovska

Стејт департментот соопшти дека го истражува исчезнувањето на шише виски, во вредност од скоро 6.000 долари, што јапонската влада му го поклони на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео пред повеќе од две години.

Помпео нема никакво сознание за подарокот и никој не го контактирал во врска со истрагата“, рече неговиот претставник.

Во известувањето доставено до Федералниот регистар, Стејт департментот на САД наведе дека не може да најде трага каде е шишето и дека е во тек „истрага“ за тоа што се случило со пијалокот. Од протоколарната канцеларија на министерството се бара да ги евидентира подароците што ги добиле американските службеници.

Примателите имаат можност да предадат одредени вредни работи на Националниот архив или на друг државен орган или да ги купат за лична употреба со надомест на Министерството за финансии.

Јапонското виски беше проценето на 5.800 долари и му беше дадено на Помпео во јуни 2019 година, веројатно кога учествуваше на самитот на Групата 20, на кој присуствуваше и тогашниот претседател Доналд Трамп. Но, за разлика од другите подароци, министерството изјави дека нема информации што се случило со шишето.

Слични содржини