„ИСЧЕЗНАА“ 100.000 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ОД ГЕРМАНИЈА: Државата понуди големи субвенции

од Vladimir Zorba

Додека високите даночни стапки важат за луксузните електрични автомобили во земји како Данска, нивното купување во Германија е субвенционирано од државата.

Дел од германските клиенти решија да го искористат овој факт. Имено, тие користат субвенции кои достигнуваат и до 9.000 евра за да купат автомобил, кој потоа го продаваат во странство и на тој начин добро заработуваат.

– Губитник е германскиот даночен обврзник, кој индиректно субвенционира чист воздух во градовите надвор од Германија, а не во самата Германија – изјави Матиас Шмит, автомобилски аналитичар и основач на Schmidt Automotive Research, пишува „ХАК“.

Според податоците на Федералната управа за моторен транспорт, во Германија во периодот од јануари 2012 до јули 2022 година биле регистрирани 890.000 електрични автомобили, додека од 1 јули 2022 година биле регистрирани само 756.517 возила. Според Шмит, ова е доказ дека повеќе од 100.000 електрични автомобили го напуштиле германскиот пазар.

Различните даночни практики во земји како Данска го прават привлечно да се регистрира автомобил во Германија и да се продава во странство по шест месеци.

Имено, според германските насоки за финансирање, купувачот мора да поседува електричен автомобил најмалку шест месеци.

Поради практиката на препродажба во странство, се расправа за идејата електричните автомобили да не се продаваат во првата година од сопственоста.

Слични содржини