Исчистете го златниот накит со нешто што веќе го имате дома

од desk4

Одвреме-навреме добро е да ги исчистиме златните парчиња накит, без разлика дали долго време не сме ги носеле, или пак ги носиме секојдневно.

Иако се работи за деликатен скапоцен метал, всушност и не ви се потребни специјални средства за негово одржување.

Во сад измешајте млака минерална вода и две лажици детергент за миење садови. Потопете го накитот, внимавајте да биде целосно покриен со вода и оставете го најмалку 20, а најмногу 40 минути.

Детергентот ќе ги раствори нечистотиите, а ако има потреба, можете да истриете со мека четкичка, за да ги отстраните целосно.

На овој начин можете да бидете сигурни дека нема да го оштетите накитот, без разлика на квалитетот на златото или легурата од кој е изработен.

Слични содржини