„Исклучителна политичка личност“: Се огласи Захарова по повод убиството на поранешниот јапонски премиер

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска го нарече „терористички чин“ убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, соопшти денеска тоа министерство.

„Зачудени сме од веста за трагедијата што се случи денеска во Јапонија“, рече Захарова.

Таа нагласи дека Министерството за надворешни работи на Русија е убедено дека оние кои го планирале и извршиле овој терористички чин ќе одговараат за она што го направиле, се наведува на веб-страницата на руското Министерство.

Таа го опиша Абе како „исклучителна политичка личност“ која даде непроценлив придонес во развојот на односите меѓу Русија и Јапонија во сите области.

Слични содржини