Актуелно
Почетна / Глобално / Исламска држава повторно се заканува: Коронавирусот е божја казна, следат нови напади

Исламска држава повторно се заканува: Коронавирусот е божја казна, следат нови напади

Исламската држава објавила нова аудио-порака во која се вели дека пандемијата на коронавирусот е „Божја казна“ за нејзините непријатели и се закани со нови напади.

Лицето кое зборувало се претставило како портпарол на терористичката организација Абу Хамза ал-Кураиши, но неговиот идентитет се уште не бил потврден, пренесува Ројтерс.

„Бог доброволно испрати казна на тираните на ова време и на нивните следбеници. Задоволни сме од казната што Бог ви ја испрати“, изјавил наводниот портпарол на видеото објавено на веб-страницата на Исламска држава.

оа е трета аудио порака на ИД откако е именуван новиот лидер на ИД, Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши, откако американските специјалн единици кон крајот на минатата година го елиминираа во Сирија Бакр ал Багдади.

Во пораката се повикуваат борците на ИД „да ги подготват сите расположливи сили и да бидат пожестоки кон божјите непријатели“.

„Не дозволувајте да помине ниту еден ден, а да не им го направите животот ужасен“, се истакнува во пораката.

Но, не се наведени евентуалните мети, но се истакнува дека ИД е активна во Сирија и во Ирак, но и во Западна Африка.

loading...