Исламската држава запали црква, убиени најмалку 18 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот на црква во источен Конго во кој беа убиени најмалку 18 лица, јави новинската агенција на таа организација „Амак“.

Нападот се случил во средата навечер во селото Баети во провинцијата Северен Киву.

Групата за граѓански права објави дека биле убиени најмалку 18 лица, и дека црквата била изгорена, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини