Исламскиот џихад возвраќа: Десетици ракети истрелани од Газа кон Израел (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

По неколкудневните тензии и убиството на лидерот на Исламскиот џихад, отворена ескалација меѓу Израел и Газа следеше пропратена со истрелани ракети од појасот.

Најмалку 100 ракети биле истрелани од Појасот Газа кон Израел во последните 30 минути, јавуваат тамошните медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25.000 резервисти поради тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти неговата прес-служба.

На објавените видеа по социјалните мрежи може да се види „Железната купола“ во акција, односно како овој одбранбен систем ги соборува проектилите.

 

 

Слични содржини