Испишавме историја: Македонија влезе во баражот за СП во Катар!

од Nikola Popovski

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во баражот за пласман на СП 2022 во Катар.

Нашите во последното коло на домашен терен го победија Исланд со 3:1 (1:0) и со тоа обезбедија пласман во плеј-офот.

Квалификациите ги завршивме со 18 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија.

Поведовме во седмата минута, кога мрежата на „Рибарите“ ја затресе Алиоски на асистенција на Трајковски.

Вториот гол го постигнавме во 40. минута. Чурлинов ја затресе мрежата, но реагираше судијата, па за жал голот беше поништен после одлуката на ВАР.

Исланд израмни во 54. минута, кога Биркир Бјарнансон му асистираше на Торштајнсон и ги загрижи сите на арената „Тодор Проески“ и милионите пред малите ТВ екрани.

Сепак, кратко траеше радоста на островјаните, откако нова предност донесе Елмас во 65. минута на асистенција на Алиоски.

Јоханесон во 79. минута доби втор жолт и црвен картон, а македонските репрезентативци постигнаа уште еден гол и го решија натпреварот.

Стрелец во 87. минута повторно беше Елмас.

Слични содржини