Испитувањата на антитела ќе останат на товар на Фондот, но под одредени критериуми

од Берта Китинска

„Ќе мора да се воведат категории за да не го прави секој тој тест, како на пример, дали лицето прележало ковид-19, дали треба индикација за вакцина и слично. Но, секако ќе дадеме одредени категории“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со известувањето дека тестирањето за присуство на антитела во крвта  ќе се плаќа.

Од Институот за имунобиологија и хумана генетика во Скопје ги информира граѓаните дека испитувањето за присуство на антитела ќе плаќаат приватно по 736 денари.

Министерот рече дека станува збор за големи финансиски средства и дека ќе мора да се одредат  критериумите според тоа кои овие тестови за антитела ќе ги плака фондот.

Слични содржини