Исплатени ковид-наградите врз основа на списоците доставени од страна на директорите на јавните здравствени установи

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека се исплатени ковид-наградите врз основа на списоците доставени од страна на директорите на јавните здравствени установи. Одговорот на министерството пристигна по реакцијата на над 15 здравствени работници од штипската Клиничка болница, кои по 6 декември лани биле вклучени во работата на ковид центарот и сè уште ја немаат добиено ковид наградата.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев потврди дека сè уште не им се исплатени по 30.000 денари, познати како ковид-награда. Тој денеска истакна дека списокот е испратен и чекаат согласност од ресорното министерство и списокот да биде испратен до Фондот за здравство, бидејќи на своја рака не може да ја изврши исплатата.

-Секое раководно лице на јавна здравствена установа, на кое му беа доделени средства за награда од 30.000 денари, до Министерството за здравство, достави список потпишан и изготвен од негова страна, а согласно натамошните процедури ФЗО на РСМ ги исплати средствата до секое ЈЗУ, раководејќи се според претходно доставени списоци од страна на директорите на јавните здравствени установи. Министерството за здравство, не интервенираше во изготвувањето на списоците/листите, списоците ги напишаа односно изготвија, и потпишаа раководните лица односно директорите на сите јавно здравствени установи во државата, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Ѓеорѓијев посочува дека во првиот список, кој бил испратен до одредената дата, која била утврдена од страна на ресорното министерство се исплатени над 220 здравствени работници, а сега станува збор за над 15 вработени, кои во битката со вирусот се вклучиле во 6 декември 2020 година и станува збор за вкупна сума од 7.500 евра.

Слични содржини