Исполнети средствата, нема повеќе субвенции за електричен тротинет

од Nikola Popovski

Градот Скопје денес извести дека поради големата заинтересираност за субвенциите за купување електрични тротинети и целосно исполнување на предвидените средства, јавниот повик е затворен.

„На јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“, објавија од Градот.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.

Слични содржини