Исповед на лекарите од Итната помош за масакрите во Белград и Младеновац: „Девојче ме праша дали ќе умре“

од Nikola Popovski

Д-р Ивана Стефановиќ од белградската Итна помош за РТС изјавила дека нејзиното дете оди во училиштето „Владислав Рибникар“ и дека ќерка ѝ се јавила од соседната училница барајќи да испратат екипа, бидејќи така и кажала наставничката. Вели дека била преплашена за животот на нејзината ќерка.

„Ми се јави моето дете од училница што беше до таа училница и побара да испратиме екипа, наставничката ѝ рекла да се јави иако некој претходно веќе се јавил“, рекла д-р Стефановиќ.

Таа рекла дека е важно само во тој момент да нема емоции и да не ја изгубите главата, односно да размислувате што можете да направите.

Во ноќта кога се случила трагедијата во околината на Младеновац и Смедерево, дежурен лекар бил д-р Златко Перишиќ, хирург од Клиничкиот центар на Србија.

Изјавил дека почнале да носат пациенти, но прво во хируршката салата влегле двајца пациенти.

„Не бев загрижен дали можеме да го решиме тоа. Имаме капацитет, многу операциони сали. Почнавме да правиме првична дијагностика и третиот пациент беше девојче родено во 2005 година“, рекол Перишиќ.

„Кога видов како изгледа, донесов одлука веднаш да влезам со неа во собата без никаква дијагностика, без ултразву бидејќи таа веќе крвареше и немавме време за ништо. Истрчавме во ходникот, девојчето има години колку ќерка ми. Во лифтот ме праша дали ќе умре“, додал докторот.

„И го отворивме стомакот и не можев да ја разберам анатомијата. Имаше три прострелни рани. Секаде крвареше, потоа забележавме дека бубрегот е уништен, но го прекинавме крварењето и во тој момент ја стабилизиравме“, изјавил д-р Перишиќ.

Слични содржини