Исповед на мајката на Дражен Петровиќ: Кобната вечер ми се јави Македонка и ми рече вашиот син загина!

од Aleksandar Petrovski

Ноле како да излегол од мојата куќа, тешко ми е кога е повреден, и кога лошо се пишува за него. И Ѓоковиќ како и мојот син дава се од себе на теренот. Тие двајца се најдобри спортисти во историјата на Балканот, вели мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка во интервју за Курир.рс.

Вашиот син Дражен загина… Се зборовите кои на тој 7. јуни 1993 година навечер низ телефонската слушалка ги слушнала Бисерка Петровиќ и кои и денес предизвикуваат ужас.
Кошаркарскиот Моцарт, човек кој владееше со баскетот како никој пред и после него, замина во вечноста, на некои подобри кошаркарски терени, каде игра баскет со Кораќ, Коби…

-Беше тоа околу 22 часот, се подготвувавме за спиење во станот на Дражен на 14 спрат. Тој ден попладне ни се јави од аеродромот во Франкфурт, рече дека испратил валкана облека и дека ќе дојде за два дена. Се јавив мислев дека тој ѕвони. Се јави женски глас и праша дали е тоа станот на Петровиќ. Беше Македонка, преведувач, слабо говореше хрватски. „Вашиот син загина“, рече таа. Тие зборови… Не знам како ги преживеав. Тргнав кон балконот, во тие моменти не можете да го контролирате телото. Во шок сте и мозокот реагира поинаку. Мојот сопруг Јоле беше поприсебен, ме фати го спречи најлошото и ме спаси. Му благодарам затоа што сега можам да одработам се за Дражен. За митот за него да продолжи да живее. Она што го направи во краткиот живот да остане запишано како што доликува да се прераскажува со генерации. И тоа ме одржа, вели Бисерка.

Слични содржини