Исповед на Милан Поповиќ: Оваа приказна, од многу причини, не можеше да заврши поинаку


Милан Поповиќ тврди дека не можел да влијае врз одлуката на судот на никаков начин, како и дека единствена важна работа е добрата состојба на детето, пренесува српски Курир.

На прашање, во интервјуто, дали смета дека изјавите во медиумите можат да се одразат на Александар и на неговата мајка тој одговорил дека неговите изјави се демантирања на лагите на Северина и дека се труди да ја заштити приватноста на нивниот син.

Поповиќ рекол дека Северина и нејзиниот ПР тим во потполност ја користат емотивната страна на приказната за да ја придобијат јавноста, како и дека намерно пласираат невистини и шират лаги. Тој рекол дека ја прочитај нејзината порака до синот по првиот викенд и смета дека тоа е многу неодговорно за Северина како мајка, на тој начин да ја манипулира јавноста.

Милан во интервјуто за Курир.рс рекол дека Александар ќе продолжи да оди на училиште и да живее во Загреб, како и дека редовно ќе ја гледа својата Мајка.

– Преселувањето во друг град или држава би го отежнало гледањето со неговата мајка, а тоа не е добро за детето – рекол Поповиќ.

Слични содржини